По онаа бламажа која се случи синоќа на дуелот од ЛЕ со Севилја, денеска медиумите на Островот наголемо пишуваат дека во Манчестер Јунајтед се спрема “метла“. Имено Ерик Тен Хаг веќе го направил списокот на кој има 12 играчи на кои за наредната сезона нема да смета. На дел од нив договорот им истекува, додека остантите ќе бидат ставени на трансфер листа.
Неофицинално Тен Хаг најмногу инсистирал на тоа Мегваер, Марцијал и Де Хеа во никој случај да ги нема во ростерот на Јунајтед за следната сезона.
Останатите деветмина од списокот се Фред, Мектоминеј, Де Бек, Вилијамс, Еланга, Баиа и Телес, последните двајца се на позајмица, на спиосокот се и Вегхорст и Забицер.