Нагелсман не ја сака клупата на Челзи

378

Поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман не сака да ја преземе клупата на Челзи, па по неговото откажување списокот на клубот од „Стемфорд Бриџ“ се сведе на двајца кандидати.
Моментално со екипата работи Френк Лампард, но тој ќе остане до крајот на сезоната па управата е решена да донесе друг тренер за наредната сезона.
„Гардијан“ пренесува дека Нагелсман се откажал од преговорите со „сините“ и дека тој нема да го преземе кормилото. Причината не е позната, па на списокот останаа две имиња.
Едното е Маурицио Покетино, Аргентинецот е без ангажман по заминувањето од Пари Сен Жермен, а во Премиер лигата ги предводеше Саутемптон и Тотенхем.
Другата опција е Венсан Компани, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, а сега тренер на Барнли. Компани има одлични резултати со Барнли оваа сезона во Чемпионшип и го врати во Премиер лигата.

ПретходноРистовска и ЦСКА го прекинаа неверојатниот ефект од 35 победи по ред
СледноШтутгарт со бод од Аугзбург во борбата за опстанок