Симоне Инзаги (Интер), Силвио Пиоли (Милан) и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) се тројцата италијански тренери кои со своите екипи се пласираа во 1/2 финлето во Лигата на Шампионите. Во ова друштво е и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) но тој е Каталонец.
Интересно е што овие тројца, мислиме на Инзаги, Пиоли и Анчелоти, потекнуваат или се родени во еден ист регион во Италија, и тоа во Емилија – Ромања. Регион во Италија кој зафаќа површина од 22.447 км2, речиси е голем колку Македонија. Станува збор за третиот најбогат регион во Европа или третиот со највисок БДП по глава на жител.
Ете, роди се во Емилија – Ромања и ќе бидеш одличен тренер.
Да кажеме дека Инзаги е роден во Пјаченца, Пиоли во Парма а Карло во градчето Реџиоло.