Вечерва Партизан славеше на гостувањето кај Будуќност и го освои првото место на табелата во АБА лигата пред почетокот на плеј-офот. „Црно-белите“ уште не ја прославија победата стигна протест од страна на ривалот Црвена Звезда која остро ги нападна сите актери на теренот и истакна дека во Подгорица се случило грабеж.
„Црвена Звезда нема обичај да реагира по натпревари во кои не е директен учесник, меѓутоа бидејќи заостанатиот меч кој се одигра во Подгорица директно влијаеше на крајниот исход и распоредот на табелата, нема да молчиме за уште еден грабеж во режија на оние кои треба само да се дел од мечот, а не протагонисти.
Црвена Звезда верува дека милионскиот аудиториум во петокот навечер виде уште една своевидна епизода на она што беше видено на 13 март во белградска Арена, а тоа е креирање на крајниот исход од оние кои не играат. Со тоа е направен уште еден чекор кон потполно рушење на регуларноста на АБА лигата и тоа во режија на судиите кои случајно или не – секогаш на спорните натпревари доаѓаат од иста држава.
Бидејќи повеќе не е потребен ниеден показател што не чека во завршницата од АБА лигата, а бидејќи нема да учествуваме во режирани претстави и фарси, на овој начин ја извесуваме јавноста и раководството на лигата дека КК Црвена Звезда бара изземање на вакви судии на своите натпревари до крајот на сезоната.
Соопштуваме дека нема да играме во плејофот и финалето (ако дојдеме до него) ако за кој било натпревар ни бидат делегирани вакви судии кои со години работат на штета на АБА лигата.
Што е многу – многу е и сега навистина ги премина сите граници“, стои, меѓу другото, во соопштението на Црвена Звезда.
KK Crvena zvezda Meridianbet nema običaj da se oglašava nakon utakmica u kojima nije bio direktni učesnik, ali pošto je utakmica u Podgorici direktno uticala na krajnji ishod i raspored na tabeli, a nakon još jedne krađe i pljačke – nećemo ćutati! #kkcz https://t.co/3gDX4gAyz2
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) April 21, 2023