Посебниот го прозва Антонио Касано (ВИДЕО)

1788

Жозе Мурињо ја одведе Рома до полуфиналето на Лига Европа, откако по продолженијата на Олимпико го победи Феенорд со 4:1, а легендарниот Португалец повторно беше во центарот на вниманието поради вербалниот дуел со Антонио Касано.

Последниве недели имаа многу вербални препукувања, а Специјалниот го исмеа поранешниот напаѓач пред полно студио. Новинарот му пренесе на Жозе дека во студиото седат многу шампиони кои едвај чекаат да му постават прашање, а потоа Мурињо се сети на својот стар пријател.

„Касано не е таму, така?“, праша Мурињо со насмевка.

 

Касано неодамна го навреди Португалецот, порачувајќи дека е нула од тренер и дека никогаш не ги почитувал своите играчи.

Меѓутоа, во Рома зборуваат поинаку. Играчите го слават Португалецот, а Пауло Дибала за него рече:

„Имаме тренер со неверојатен победнички менталитет кој ни го пренесува. Сакаме да ја одведеме Рома во уште едно финале“, изјави Дибала.

Во првиот полуфинален натпревар Рома на 11 мај на Олимпико ќе го пречека Баер, а реваншот ќе се игра на 18 мај во Леверкузен. Во второто полуфинале ќе играат Јувентус и Севиља.

ПретходноЛегендарниот клуб е блиску до провалијата, а навивачите направија потег за паметење!
СледноЛапорта дошол во Љубљана да го моли Чеферин!