ПСЖ со два гола на Мбапе го победи Анже (видео)

138

Францускиот шампион Пари Сен Жермен освои важни бодови во борбата за титулата во Лига 1. Вечерва го совладаа Анже во гости со 1:2 со двата гола на Килијан Мбапе. Младиот француски напаѓач првиот гол во постигна во 9 минута (ОВДЕ), а вториот во 26 минута (ОВДЕ).
Вториот го постигна после фантастична асистенција на Лео Меси од голема далечина (15-та асистенција на Аргентинецот сезонава).

Анже намали преку Саба Тиуб во 87 минута (ОВДЕ).

ПСЖ е прв на табелата со 75 бода, девет повеќе од второпласираниот Марсеј. Анже е последен.

ПретходноВерди и донесе драгоцени бодови на Верона во трката за опстанок
СледноСе гаси сонот за титулата – Арсенал киксна против „фенерџијата“ (видео)