Тимот на Севиља синоќа прописно го посрамоти Манчестер ЈУнајтед во реваншот од елиминационата фаза од Лигата на Европа кога на свој терен го совлада со 3:0.
Се им одеше од рака на домашните играчи, а еден вид најава за тоа имаше и хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ кој пред дуелот рече дека гостите нема да знаат што ги снашло односно дека ги чека пекол.
Се случи токму тоа. „Исклучително сум горд на изведбата вечерва. На терен се чувствувавме прекрасно. Играчите на Јунајтед едвај чекаа да го напуштат теренот и да си заминат дома“ – изјави Ракитиќ по мечот.