Манчестер Јунајтед не успеа да се пласира во полуфиналето на Европската лига, откако на реванш мечот беше совладан од Севиља со 3-0.
Трагичари за „црвените ѓаволи“ беа Хари Мегваер и голманот Де Хеа, кои им подарија два од трите гола на домашните. Благодарение на Мегваер, Севиља веќе во осмата минута поведе со 1:0. Де Геа му ја додаде топката на Мегваер кој беше на 16 метри од голот, но тој беше невнимателен, па Ламела успеа да му ја одземе топката, а Ен Несири ја испрати во мрежата на Јунајтед за водство на неговата екипа.
Чудесниот кикс на Мегваер е хит на социјалните мрежи, но истиот статус го освои и Ерик тен Хег, поточно неговата реакција по она што се случи на теренот благодарение на капитенот и најскапиот стопер во историјата.
@valentino_team #manchesterunited #maguire #maguirethegoat ♬ original sound – Valentino_Team