Ристовска и ЦСКА го прекинаа неверојатниот ефект од 35 победи по ред

105

Сара Ристовска беше дел од тимот на ЦСКА Москва кој на домашен терен доживеа пораз од Ростов-Дон со 28-32 во руската Суперлига. За армискиот тим тоа е првиот пораз по 35 победи во низа.
Кај гостите Кристина Кожокар беше најефикасна со осум погодоци. Кај ЦСКА Микаличенко, Сабирова и Кулак постигнаа по шест гола, а Ристовска која играше во првото полувреме реализира еден гол.
И покрај поразот ЦСКА има убедлива предност на табелата со 70 поени, а на второто место е Ростов-Дон со 55 поени.

ПретходноШампионките со победа ја отворија финалната серија во плеј-офот
СледноНагелсман не ја сака клупата на Челзи