Соиграч на Чурлинов и дал на келнерка бакшиш од 10.000 евра!

1036

И тоа го има во фудбалот, посебно кога ќе се расположиш или прославиш некој голем успех како влегување во Премиерлигата на твојот клуб. Станува збор за Аријанет Муриќ, голман на Барнли и соиграч на нашиот Дарко Чурлинов, инаку репрезентативец на Косово.

По повод влегувањето на Барнли во ПЛ, Муриќ со свои пријатели, секако и клупски колеги, овој успех го прославил во ноќен клуб во Минхен.

Сметката која ја напрвиле Муриќ и пријателите била 36.000 евра, но на изненадуцвање на сите, голманот и дакл бакшиш од цели 10.000 евра на келнерката која ги служела.

Тие беа пријателски расположени, одлично се забавуваа и создадоа убава атмосфера. Сум добивала и порано бакшиш, но никогаш како таа вече“ изјави келнерката која тие 10.000 евра ги поделила со своите колеги а од својот дел си купила кученце.

ПретходноПоради казната на Партизан: “Вечното дерби“ бр.170 се игра без публика!
СледноЈунајтед за една деценија “фрли“ 1,5 милијарди фунти…за ништо!