Спектакл во Рим: Олимпико “експлодираше“, Рома е во полуфинале во ЛЕ! (ВИДЕО)

1020

Каков меч на Олимпико пред 70.000 гледачи? Спектакл, фантастична Рома и пласман во полуфинале во Лигата на на Европа, каде што за ривал четата на Жозе Мурињо ќе го има Леверкузен. Вечерва во “вечниот град“, Рома го победи Феенорд,во реваншот од четвртфиналето со 4:1 и тоа по продолженијата.

Холанѓаните во Рим дојдоа со предност од 1:0, а во 60.минута Спинацола ја донесе Рома во водство од 1:0. Феенорд израмни со голот на Паиксао во 80.минута, и кога се чинеше дека се е готово, дека нема полуфинале за четата на Мурињо, Дибала со фантастичен гол во 89.минута носи водство од 2:1 и мечот го носи во продолженија.

А таму разиграната Рома со головите на Ел Шарави и Пелегрини успеа да победи со 4:1 за “експлозија“ на Олимпико.

Сепак не можеше без скандали, имено еден од помошниците на Мурињо удри противнички играч и за тоа доби исклучување.

ПретходноКЛ: Вест Хем убедлив против Гент обезбеди полуфинале
СледноШоуменот Мурињо со еден потег дигна на нозе 70.000 луѓе (ВИДЕО)