Срамен потег на Ембид, шампионот се врати во игра (ВИДЕО)

236

Кошаркарите на Филаделфија дојдоа до третата победа против Бруклин во четвртфиналето на плеј-оф серијата во Западот, откако како гости славеа со 102-97.

Во центарот на вниманието се најде еден од кандидатите за МВП признанието. По само три минути игра, Џоел Ембид го удри Калкстон со нога на незгодно место, а по прегледот на снимнките судиите одлучија ѕзведата на Филаделфија да остане на терен.

Макси со 25 поени го предводеше својот тим до победа, Харден имаше 21 поен, додека Ембид запиша дабл-дабл од 14 поени и 10 скока.

Актуелниот првак Голден Стејт го победи Сакраменто со 114-97 и се врати во плеј-оф серијата, намали на 2-1. Стеф Кари беше лидерот на Вориорс, зад своето име запиша 36 поени со 6/12 за три поени. Најголема поддршка имаше од Вигинс кој запиша 20 поени и додаде седум скока.

Кевон Луни пак кај „кралевите“ дојде до личен рекорд од 20 скока. Фокс со 26 поени беше најдобар стрелец. Во редовите на Голден Стејт не беше Грин, кој заработи суспензија од еден меч поради газењето на Сабонис.

Во последната средба Феникс беше подобар од ЛА Клиперс со 129-124 за водство од 2-1 во плеј-оф серијата. Букер постигна 45 поени, додека Дурент застана на 28 поени.

ПретходноШоуменот Мурињо со еден потег дигна на нозе 70.000 луѓе (ВИДЕО)
СледноЛегендарниот клуб е блиску до провалијата, а навивачите направија потег за паметење!