Голем, огромен успех на младинскиот тим на Хајдук од Сплит, кој што ќе игра во финалето од младинската Лига на Шампиони. Благодарение на триумфот над Милан предмалку, во дуелот одигран во Женева, Швајцарија, каде што Хајдук успеа да слави со ибедливи 3:1.
Иако Милан и некако важеше за фаворит, тоа на терен воопшто не беше така, туку „Билите“ покажаа во целост, зошто ги елиминираа и Манчестер Сити, и Борусија Дортмунд, а еве сега и Милан.
Врчиќ, Пукштас и Хрговиќ погодија во вториот дел од 51. до 76. минута, а Милан успеа да намали само на 3:1 преку Зероли.
Во финалето Хајдук ќе игра против тимот на АЗ Алкмар.