Шампионките со победа ја отворија финалната серија во плеј-офот

180

Шампионот Работнички со максимална победа во три сета 3:0 (25:19, 25:20, 25:21) го започна походот на новата шампионска титула на домашната одбојкарска сцена. Одбојкарките на скопскиот состав вечерва во првиот финален меч од плеј-офот кај дамите, славеа убедливо во СЦ „Борис Трајковски“ над градскиот ривал Јанта Волеј.

Со оваа победа, Работнички успеа да ја поведе серијата со 1:0 која се игра до три победи. Вториот меч се игра на теренот на Јанта Волеј во понеделник.

Претходно18-годишниот Галевски царуваше, Алкалоид стави печат на третото место!
СледноРистовска и ЦСКА го прекинаа неверојатниот ефект од 35 победи по ред