Шоуто на Жозе Мурињо по пласманот на Рома во полуфиналето во Европската лига продолжи и на официјалната прес-конференција по мечот со Феенорд. Португалецот кој прво ја дигна публиката на ноза, па го прозва Касано, на крајот направи потег кој стана хит на социјалните мрежи.
По натпреварот на Олимпико, Мурињо му пријде на холандски новинар.
„Имам подарок за тебе. Прекрасен е, нели?“, му рече Португалецот на новинарот и потоа му даде привезок во форма на минијатурен трофеј од Конференциската лига.
„Ќе му го дадам ова на нашиот тренер“, рече репортерот, а Мурињо му врати: „Тоа е да не плачете во следните десет месеци. Ќе го освоите првенството, играте доста добро и не плачете”.
Jose Mourinho gave a Dutch journalist a keychain with the conference league trophy on it during his press conference#UEL #romfey pic.twitter.com/75or02YE6R
— Top of the league (@msk5_5) April 21, 2023