Штутгарт со бод од Аугзбург во борбата за опстанок

72

Екипата на Штутгарт заигра добро во последните неколку кола и си создаде голема шанса да избори опстанок во Бундес лигата. Вечерва популарните „Шваби“ одиграа 1:1 на гостувањето кај Аугзбург во 29.коло што е нивни четврти меч без пораз (две победи и две ремија).
Аугзбург поведе со голот на Бељо во 8. минута, а изедначи Ендо во 78. минута.
Аугзбург е на 13. место на табелата со 30 бодови, а Штутгарт е на 16-тото и има пет бода помалку. Пред него е Бохум со 27 бода и Хофенхајм со 29 бода но со меч помалку. Зад нив е Шалке (24 бода) и Херта (22 бода).

ПретходноНагелсман не ја сака клупата на Челзи
СледноРангник: Во моментов на никого не би му препорачал да оди во Челзи!