И оваа сезона за Манчестер Јунајтед отиде во неврат, нема пехар, нема титула, нема некој позначен успех. Мина една деценија откако Сер Алекс Фергусон не е веќе менаџер на “ѓаволите“ а клубот од “Олд Трафорд“ и натаму не знае кој пат да го фати.
Притоа досега во изминатите десет години се “фрлени“ 1,5 милијарди фунти, за ништо. Имено толку пари клубот дал за нови играчи во сите преодни рокови од 2013 година наваму.
И освоени се само една Лига Европа, двапати Лига Куп, еден ФА Куп, и еден Комјунити Шилд, секако премалку за еден таков клуб.
За споредба, Манчестер Сити во изминатите десет години освои пет пехари во Премиерлигата, шест пати го освои Лига Купот и еднаш ФА Купот.
Да кажеме дека по Фергусон, менаџери на Јуннајтед биле Дејвид Мојс, Луј ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер и Ерик тен Хаг.