Екипата на Алкалоид го доби дерби дуелот против Охрид во рамките на 11. коло во плеј-офот. Избраниците на Кирил Лазаров на домашен терен славеа со 31-23 (15-10) и го заверија третото место на табелата, кое до крајот и покрај резултатите од остнатите средби нема да биде загрозено истото. Ова значи дека дебитантот во следната сезона ќе игра во Европската лига.
Иван Галевски запиша 13 интервенции, Серафимов со шест гола беше прв стрелец, на другата страна Рустaмов имаше исто толку погодоци.
Алкалоид во мечот влезе доминантно, поведе со 8-2, на другата страна на охриѓани тешко им одеше во нападот, бидејќи младиот голман Иван Галевски беше расположен, во овој дел запиша сум одбрани. На одморот резултатот беше 15-10.
Охрид направи една мини серија во вториот дел и дојде на 18-15, па 22-29, но не успеа сериозно да се закани. Во 41 минута мечот беше прекинат, се повреди Костадин Петров, кој беше изнесен со носилка. Станува збор за повреда на коленото.
Пред самиот крај позитивата отиде на 30-22, тука веќе беше крај на сите надежи за охриѓани.
На втората средба од 11. коло, Пелистер убедливо славеше против Пролет на гости со 17-30. Петар Атанасијевиќ постигна шест гола кај победникот, кај домашниот состав Димов и Димовски имаа по три гола.