Доминација во Европа: Пет италијански клубови во полуфиналињата во ЛШ, ЛЕ и ЛК!

182

Едноставно, ИТАЛИЈАНСКА ДОМИНАЦИЈА во Европа. Ќе кажат дека италијанскиот фудбал бил ваков или онаков, но фактите се тие, бројките се тука. Имено од 12 клубови кои се пласираа во полуфиналињата во ЛШ, ЛЕ и ЛК, дури пет се од Италија.

Имено Интер и Милан играат меѓусебе во 1/2 финалето во Лигата на Шампионите, во Лигата на Европа тука се Јувентус и Рома, а во Лигата на Конференции пак тука е Фиорентина.

Шпанија (Реал Мадрид и Севилја) и Англија (Манчестер Сити и Вест Хем) имаат по два претставника, додека Швајцарија (Базел), Холандија (АЗ Алкмар) и Германија (Леверкузен) по еден.

Па пак нека кажат нешто за фудбалот во Италија.

ПретходноОткриена е сумата на „непристојната понуда“ за Лука Модриќ, Реал молчи!
СледноОсмани пред утрешното дерби во Штип: Секоја чест за Брегалница, сепак Шкендија оди на победа!