Како што дознава „Спортмедиа“, еден од нашите најпознати тренери, Жикица Тасевски, најверојатно ќе го преземе Гостивар, поточно ќе седне на клупата на амбициозниот второлигаш кој има големи шанси оваа сезона во ВМФЛ да заврши меѓу првите две места на табелата и следната сезона да игра во нашата елита.
Дознаваме дека Тасевски е најсериозен кандидат, дека имало и разговори и дека остануваат да се решат само некои детали. Ова доаѓа по заминувањето на Октај Дерелиоглу од Гостивар пред неколку денови.
Кога сме кај Тасевски да кажеме дека тој во мак – фудбалот беше прв стратег на Металург, Вардар, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, беше извесно време во Кина, Бугарија а и во Грција каде заедно со Зоран Вулиќ го предводеше тимот на Ксанти. Секако дека со Жичо на клупата клубот од Гостивар и тоа како ги истакнува своите прволигашки амбиции со оглед на тоа дека има супер – тим за наши услови.