Клоп: Не можам да гарантирам резултати, но морам да гарантирам одредено ниво

190

Тимот на Ливерпул утре во рамките од новото коло во Премиер лигата му гостива на тимот на Нотинген Форест. Менаџерот Јирген Клоп го најави овој дуел со назнака дека не може да се очекува тимот да одигра на секој меч како против Лидс минатото коло кога „Редси“ победија со 6:1.

„Сезоната досега беше многу чудна и контроверзна. Остваривме некои од најимпресивните победи во историјата на клубот. По натпреварот со Лидс реков дека тоа е нашиот најдобар натпревар сезонава. Првото полувреме не беше спектакуларно, но беше многу мирно и убедливо. Во вториот дел го подигнавме нивото и постигнавме сензационални голови. Не можам да гарантирам никаков конкретен резултат, но мора да гарантираме одредено ниво на изведби. Ова е она што треба да го направиме. Дури и ако не можеме да постигнеме рано голови, мора да се држиме до планот што го имаме и да играме како што сакаме. На натпреварот против Лидс цело време можев да видам како се реализира нашиот план. Мораме да го направиме тоа повторно. Четири од следните пет натпревари ни се дома. Сепак, мене ме интересира само претстојниот„ – изјави Клоп па де надоврза на орашањето околу Тренд Александер Арнолд.

„На која позиција и да игра, Трент ни е многу важен. Оваа улога, во која е оди напред, многу му одговара. Сепак, предизвикот е останатите играчи да ја покријат областа кога тој ќе ја загуби топката. Меѓутоа, кога игра таму, не ја губиме многу топката. Може да игра поинаку. Мораме да ја покажеме целата почит што ја имаме кон Нотингем Форест. Тие се во тешка ситуација и се борат за живот. Секој поен што можат да го добијат е од огромно значење за нив. За жал, Фирмино заработи повреда на мускулот. Ќе видиме колку време ќе биде потребно. Не е толку сериозно, но дефинитивно е надвор за утре. Имаме уште два натпревари следната недела и би рекол дека е невозможно тој да игра и на нив. Потоа ќе видиме“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.

ПретходноЈунајтед за една деценија “фрли“ 1,5 милијарди фунти…за ништо!
СледноГвардиола: Италијанскиот фудбал е силен, ова што се случува не е изненадување