Легендарниот клуб е блиску до провалијата, а навивачите направија потег за паметење!

630

Поранешниот двократен финалист во Лигата на шампионите, Валенсија е блиску до испаѓање од Ла Лига. Во последната деценија, кога на чело беше сингапурскиот бизнисмен Питер Лим, тимот доживеа многу турбулентни сезони, како резултатски, така и финансиски.

Оваа сезона речиси е најтешка, пред нив е борба за опстанок.

За време на викендот можеби ќе го одиграат клучниот натпревар во сезоната, му гостуваат на веќе отпишаниот Елче.

За Валенсија само победата е единствен спас и носи реални шанси за опстанок во друштво на најдобрите на крајот од сезоната.

Навивачите нема да го напуштат својот тим и најавија инвазија на гостувањето кај Елче. Веќе се регистрирани околу 2.000 гостински навивачи, а таа бројка може да биде поголема до недела кога се игра мечот.

Не сакаат да му свртат грб на својот тим, а тоа што покажуваат љубов е доказ дека сите билети за домашните натпревари се распродадени до крајот на сезоната.

Потег кој одамна не е виден во Шпанија, но клубот е повеќе од фудбал за жителите на Валенсија, која во моментов е на 18. позиција со 27 бодови, три бода помалку од Алмерија, која е прва екипа во безбедната зона.

ПретходноСрамен потег на Ембид, шампионот се врати во игра (ВИДЕО)
СледноПосебниот го прозва Антонио Касано (ВИДЕО)