Перо Антиќ на својот инстаграм профил споделија селфи со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ. Првиот човек на КФСМ овие денови беше гостин во Лакташи, кај своите големи пријатели од Игокеа, додека пак Ноле учествува на „Србија Опен“ во Бања Лука.
Двајцата налетаа еден на друг, а Антиќ не пропушти шанса да се слика со Србинот. И двете легенди имаат заедничка љубов, а тоа е Црвена Звезда. Секое слободно време Перо го користи да дојде во Белград и од лице место да ги поддржи „црвено-белите“, додека пак Ноле исто јавно призна дека токму овој тим е неговиот број еден.