Рангник: Во моментов на никого не би му препорачал да оди во Челзи!

239

Иако се уште не е официјално, поголем број на извори, и од Англија и од Германија, тврдат дека Челзи се договорил со РБ Лајпциг за трансфер на Кристоф Нкунку на „Стемфорд Бриџ“. Офанзивниот играч за врска има 17 голови сезонава, а минатата имаше дури 35, па од големиот број заинтересирани екипи тој одбрал да оди во Челзи.

Според тренерот Ралф Рангник, 25-годишниот фудбалер прави погрешен потег:
Според мене тој е еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во моментов, а мислам дека прерано одлучи да оди во Челзи. Можете да замислите ваков инзвонреден фудбалер да оди во клуб кој е во лоша состојба. Искрено, криво ми е што направил ваков избор. Да му бев татко ќе бев загрижен за ова“, изјави Рангник.

Во моментов, без разлика кој е тренер таму, на никого не би му препорачал да оди на „Стемфорд Бриџ“. Прво што треба да направи клубот (Челзи) е да направи стратегија и да го редуцира составот на пристојна бројка за да може било кој тренер подобро да работи со играчите“, додаде екс-тренерот на Манчестер Јунајтед.

Челзи инвестираше околу 600 милиони фунти во изминатите два трансферни рока, меѓутоа се уште се мачи со резултатите. Френк Лампард дојде како привремено решение по отказот на Грем Потер, а во моментот клубот е во потрага по нов тренер.

ПретходноШтутгарт со бод од Аугзбург во борбата за опстанок
СледноВерди и донесе драгоцени бодови на Верона во трката за опстанок