Габриел Жезус: Кој вели дека сме ја загубиле титулата, Сити се уште е зад нас!

866

Бразилскиот напаѓач од екипата на Арсенал, Габриел Жесус по мечот со Саутемптон (3:3) изјави дека не се согласува со зборувањата дека неговиот тим ја загубил шансата да ја освои титулата во англиската Премиер лига. И покрај трите ремија во низа, Арсенал и натаму е прв на табелата.

„Не сакам да зборувам негативно, бидејќи треба да останеме позитивни. Имаме неверојатна сезона. Ова е Премиер лига. Овде е многу тешко. Се натпреварувате со силни тимови како Саутемптон. Доаѓаат кај вас, се обидуваат добро да се одбранат, а потоа во контранапад да погодат. Примивме рано гол што ни го уништи планот, но мислам дека освен тоа, одигравме многу добро, ги почувствувавме и навивачите. Ова е тешко време и треба да се држиме заедно. Имаме уште многу да направиме оваа сезона. Сè уште ништо не е готово. Ние се уште сме пет бода пред Сити, иако има два натпревари помалку. Ако сакаме да станеме шампиони, треба да ги победиме, тоа е сè“, вели Жезус.

ПретходноКлоп: Почнав да правам планови за следната сезона
СледноРамон Мартинез: Нејмар беше договорен во Реал Мадрид, но не дојде поради куќа од 60.000 долари