Од грешка во грешка, од кикс во кикс, тоа го прави Тод Боли, газдата на Челзи кога станува збор за тренерската клупа. Откако му даде отказ на Греам Потер го врати Френк Лампард како В.Д.тренер, а во меѓувреме разговараше и преговараше со неколку познати имиња.
Новиот шок за фановите е имињата на двајцата стратези кои биле издвоени од Боли како најсериозни кандидати за менаџер или тренер на Челзи.
Првото име е Маурицио Покетино, тој реално и не е таков шок, но за второто име што да се каже. Тоа е Анге Постекоглу, стратег од Австралија кој сега е тренер на Селтик.
Постекоглу се наметнал со тоа што под негово водство тимот од Глазгов играл ултра напаѓачки фудбал.
Замислете.
Нема што, Челзи со Американецот станува смешка од клуб.