Горан Здравков – Брегалница: Против Шкендија со победнички мисли!

255

Попладнево од 16 часот во градот под Исарот се игра дербито на 28.коло во ПМФЛ. Брегалница ја дочекува Шкендија, во меч кој е од екстра важност за двете екипи, а посебно за тетовци кои не смеат да загубат ако сакаат и натаму да бидат во битката за титулата.

Штипските “сини“ под водство на стратегот Горан Здравков имаат одлична пролетна полусезона, досега не знаат што е пораз, а денеска ќе ги одмерат силите со квалитетниот состав на Шкенија.

Токму Здравков за “Спортмедиа“ најавува голема борба на својата екипа на денешниот дерби дуел:

„Тежок меч, како за Брегалница така и за Шкендија. Не сакам да се навраќам на она што беше во Кратово во минатото коло, сега играме со Шкендија, и ќе играме со победнички мисли. Добро знаеме со кого со имаме работа, Шкендија е една од најквалитетните ако не и најквалитетна екипа во Лигата. Сепак и ние поседуваме квалитет кој го искажавме на минатите мечеви оваа пролет. Очекувам супер интересен дерби меч, поддршка од трибините за нашиот тим и секако добар, позитивен резултат за Брегалница“ истакна Здравков.

ПретходноПоследната прволигашка рунда носи дерби во Аеродром и битки за подобра позиција!
СледноГвардиола ги предупреди своите играчи и го спомена Јунајтед!