Еуро Никел сигурен против „Академците“ за потврда на „шестката“

109

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја оправдаа фаворитската улога против Академија ФМП, на гостински терен славеа со 76-87 и го заверија шестото место на табелата во пресрет на вториот дел од сезоната – доигрувањето за шампионската титула.

Оваа средба беше решена во третата четвртина во која гостите од Кавадарци за десет минути беа подобри со 25-11 и стигнаа до недостижна предност (66:46).

Гавриловиќ реализираше 19, Планиноќ 14, а Соколов уште 12 поени за Еуро Никел 2005, кој со оваа победа дојде до учинок од 12 победи и 10 порази, на домашната страна уште еднаш блескаше Американецот Смит Мексвејн кој заврши со ефект од 32 поени и 7 скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО

Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005   76:87

ТФТ Mozzart – Куманово 2009 107:70

ПретходноИсториски момент во Португалија – Миура дебитираше на 56 години (видео)
СледноПо среброто, Парулеска освои златен медал на ЕП во Италија