Иако Рајо со Димитриевски на голот водеше со 0:1 на тешкото гостување кај Сосиедад, во меч од Ла Лига, сепак на крај домашниот состав победи со 2:1.
На овој резултат „кумуваше“ и киксот на нашиот голман кога при резултат 1:1 во 80.минута “заплива“ во празно, и притоа неговиот соиграч Лежен си даде автогол за 2:1 за домашните.
Рајо поведе со голот на Паласон во 57.минута, Сосиедад израмни во 59.минута преку Сорлот.
На останатите два меча попладнево во Ла Лига, Билбао како гостин го победи тимот на Алмериа со 1:2, додека Ваљадолид дома ја победи Џирона со 1:0.
Real Sociedad 2-1 Rayo vallecano
81' Carlos Fernandez 🔁
82' Carlos Fernandez ⚽️ pic.twitter.com/E4XhHJokjo— 11contra11 (@onzecontra11_) April 22, 2023