И покрај тоа што сезоната е далеку од завршена, во Ливерпул се е подредено на следната сезона. За тоа говори и изјавата на менаџерот Јирген Клоп кој пред денешниот меч со Нотингем Ф. изјави дека веќе размислува за следната сезона.
„Иднината на Ливерпул започнува денес. Всушност, таа веќе започна. Моите размислувања се веќе за следната сезона, но ќе го надградиме она што го научивме оваа сезона која даде можност да научиме многу лекции. Да бидам искрен, мислев дека оваа година никогаш нема да заврши, но помина релативно брзо. Еве, речиси стигнавме до последните кола од првенството. Премногу често во последниве години, дебатата беше дека нашата последна линија е превисока, премногу ризична. Се обидовме да работиме на тоа. Ова беше многу важна информација и навреме реагиравме, дури и ако загубивме на некои натпревари. Сакам да ја искористам оваа можност за да изградиме нешто што можеме да го искористиме следната сезона. Момците треба да бидат обединети“, порача Клоп.
Клоп е свесен дека доколку Ливерпул не се пласира во европските купови тоа ќе биде голем неуспех.