Гвардиола ги предупреди своите играчи и го спомена Јунајтед!

1603

Екипата на Манчестер Сити е во игра за освојување на трофеите во Премиер-лигата, ФА Купот на Англија и Лигата на шампионите.

По трите последователни ремија на Арсенал, Манчестер Сити заостанува пет бода и има два натпревари помалку, поточно има се во свои раце кога е во прашање борбата за титулата во англискиот шампионат. Исто така, во следното коло ќе го пречека Арсенал во кој многу работи би можеле да се решат.

Што се однесува до ФА Купот, Манчестер Сити веќе игра полуфинален натпревар против Шефилд, што го прави фаворит.

Во Лигата на шампионите го исфрлија Баерн Минхен со вкупен резултат 4:1, а во полуфиналето има тешка задача – Реал Мадрид. Доколку се пласираат во финалето ќе играат или со Интер или со Милан каде во секој случај би биле фаворити.

Иако триплетата е толку блиску, таа е исто така далеку. За ова е свесен и самиот Пеп Гвардиола кој ги предупреди своите играчи дека се уште се далеку од трофејот.

„Имаме уште 11 натпревари или 13 ако одиме во финалето на Лигата на шампионите и ФА Купот, односно многу сме далеку од освојување на трофејот. Веќе реков: колку пати некој од Англија го има постигнато ова? Еднаш, кога тоа го направија нашите соседи“, изјави Пеп.

Шпанскиот стручњак проговори и за физичкото оптоварување кое постои, особено по натпреварите во Лигата на шампионите.

“Четвртфиналето во Лигата на шампионите е многу исцрпувачки и мораме да се опоравиме. Секоја сезона имам чувство дека не сме физички подготвени, се надевам дека сме и овој пат. Неверојатно сум задоволен. Среќен сум што играме во три години по ред полуфинале во Лигата на шампионите“, истакна тој.

Денешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Шефилд Јунајтед започнува во 17:45 часот

ПретходноГоран Здравков – Брегалница: Против Шкендија со победнички мисли!
СледноЕнур Тотре – Шкендија: Во Штип сакаме и шеста победа во серија!