Енур Тотре – Шкендија: Во Штип сакаме и шеста победа во серија!

131

На 5 март Брегалница и Шкендија одиграа 0:0, освоија по бод. Но сега тој резултат нема да и одговара на Шкендија, никако. Целта се три бода, целта е да се продолжи серијата на победи која започна по тој меч.

Притисокот на денешниот дерби дуел во Штип ќе биде на страната на Шкендија, екипа која мора по секоја цена да победи ако сака да остане во трката за титулата, но треба да се победи силната Брегалница која оваа пролет игра одлично под водство на стратегот Горан Здравков. Рековме веќе, ова е дербито на 28.коло, почнува од 16 часот, додека сите останати мечеви се играат утре.

Енур Тотре, ирачот за врска на Шкендија за денешното гостување во Штип има свој коментар:

“Не криеме дека сакаме да ја продолжиме победничката серија, сакаме и шеста победа во низа во ПМФЛ. Реално нашата цел е шампионската титула, со евентуални три бода денеска и тоа како ќе ја намалиме разликата во однос на лидерот Струга ТЛ. Знаеме добро дека ќе мора да се даде максимумот против Брегалница ако сакаме да дојдеме до трите бода“ истакна Тотре.

ПретходноГвардиола ги предупреди своите играчи и го спомена Јунајтед!
СледноАбу го „откачи“ Мерсин, неговата цел е титулата со МЗТ Скопје!