Кикс на Столе, Рајо поразен на гостувањето кај Сосиедад! (ВИДЕО)

232

Иако Рајо со Димитриевски на голот водеше со 0:1 на тешкото гостување кај Сосиедад, во меч од Ла Лига, сепак на крај домашниот состав победи со 2:1.

На овој резултат „кумуваше“ и киксот на нашиот голман кога при резултат 1:1 во 80.минута “заплива“ во празно, и притоа неговиот соиграч Лежен си даде автогол за 2:1 за домашните.

Рајо поведе со голот на Паласон во 57.минута, Сосиедад израмни во 59.минута преку Сорлот.

На останатите два меча попладнево во Ла Лига, Билбао како гостин го победи тимот на Алмериа со 1:2, додека Ваљадолид дома ја победи Џирона со 1:0.

ПретходноКожув го суреди Работнички, Гостивар остана непорезен дома!
СледноОсмани по триумфот во Штип: Сега нема дилеми, одиме по титулата!