Кожув без мака го доби дуелот против Работнички на гостински терен, славеше со убедливи 58-86 во последниот меч од Првата лига. Гевгеличани и покрај победата во плеј-офот ќе стартуваат од осмото место, а противник ќе имаат бранителот на титулата, МЗТ Скопје.
Избраниците на Александар Јончевски мечот го решија после три четвртина, на одморот имаа двоцифрени 30-42, додека после третата четвртина позитивата отиде на 45-68, доволно за мирен финиш.
Братож со 21 поен и Гордон со 17 поени беа лидери кај гостите, Умипиг имаше 16 поени кај гостите.
Гостивар остана перфектен на домашен терен, овој дел од сезоната го завршува со максимални 11 победи. Овој пат во „Младост“ го совлада Феникс со 98-74 и останува на четвртото место на табелата, за противник во четвртфиналето на плеј-офот ќе го има тимот на Работнички.
Кошаркарите на Гостивар беа одлични во второто полувреме кое го добија со 49-30. Корсантиа со 24 поени и 16 скока беше лидер, зад него беше Ефремовски со 23 поени. Кај Феникс Митревски имаше 27 поени.
ДВОЈКИ ПЛЕЈ-ОФ
МЗТ Скопје – Кожув
Пелистер – Феникс
ТФТ – Еуро Никел
Гостивар – Работнички