Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез го одигра својот најдобар меч во кариерата затоа што постигна три гола во победата на Манчестер Сити над Шефилд Јунајтед од 3:0 во полуфиналето на ФА купот.
Марез го отвори резулатот во 43 минута со гол од пенал, а потоа стрелаше од игра во 61. и 66 минута за пласман на Сити во финалето на најстарото куп натпреварување во Англија.
Марез го постигна првиот хет-трик во полуфинален меч на „Вембли“, а и прв воопшто во полуфинале на ова натпреварување по Алекс Доусон во 1958 година (Ман.Јунајтед против Фулам).
Сити последен пат играше во финале на ФА купот во сезоната 2018/19 и тогаш го освои трофејот по победата над Ватфорд со 6:0.
Противникот во финалето ќе биде познат утре по одигрување на второто полуфинале помеѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед. Инаку финалето на ФА купот ќе се одигра на 3 јуни на „Вембли“ во Лондон.