Екипата на Мајнц приреди сензација откако попладнево го порази Баерн Минхен со 3:1 во 29.коло на Бундес лигата со што и овозможи на Борусија Дортмунд со победа да се врати на чело на табелата.
„Баварците“ кои од неодамна го имаат Томас Тухел за тренер поведоа со голот на Садио Мане во 29 минута. Првото полувреме го завршија со предност, а во второто Мајнц направи пресврт.
Од 65. до 79. минута фудбалерите на Мајнц постигнаа три гола и победија.
Мајнц се искачи на шестото место на табелата, а Баерн е прв со 59 бода, но има меч повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.
На другите натпревари: Бохум – Волфсбург 1:5, Херта – Вердер 2:4, Хофенхајм – Келн 1:3. Борусија Дортмунд-Ајнтрахт Франкфурт играат од 18:30 ч.