МЗТ Скопје водеше двоцифрено, па се спасуваше од пораз!

218

МЗТ Скопје ја доби битката со Пелистер, го совлада со во последното коло од Првата лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше со 95-93. И пред овој меч беше познато дека „сино-белите“ ќе останат на првото место на табелата пред стартот на плеј-офот во кој ќе играат против Кожув, додека битолчани против Феникс.

На оваа средба изедначена битка видов во првата половина од првата четвртина и во последните пет минути до крајот на мечот кога гостите со серија од 10-0 за 94-93. Хаџифејзовиќ направи техничка грешка, наместо нападат за победа, текот се смени, на крајот среќата беше на страна на домаќинот.

Дамјан постигна 16 поени, еден помалку имаше Кук, додека Војдан беше стрелец на 13 поени. Во редовите на Пелистер, Стајиќ и Хазифејзовиќ имаа по 22 поени.

Избраниците на Драган Николиќ фатија ритам поведоа со 24-15. Кошаркарите на МЗТ Скопје влегоа во ритам, па веќе во следната четвртина поведоа со 31-20. На одморот беше 49-39.

На стартот на третата четвртина не се промени ништо, нервозните битолчани, предводени од Марјан Илиевски повеќе се секираа за судиските одлуки отколку за својата игра, па домаќинот лесно дојде на 65-46 во 25 минута.

И во една ваква доминација, МЗТ Скопје се опушти, битолчани ја зголемија реализацијата со тројката на Стајиќ намалија на 88-83 во 35 минута. Караџовски направи намерна лична грешка, а потоа Марјан Илиевски заработи техничка грешка, сето ова беше казнето од страна на бранителот на титулата, кој поведе со нови двоцифрени 94-83.

Но, битолчани не се откажаа, вратија со серија од 10-0 за 94-93. Караџовски постигна тројка на 40 секунди до крајот, ја прекина брканицата на теренот и серија на промашување на двете страни. Николиќ повика тајм-аут, Војдан не успеа да реализира, Хаџифејзовиќ заработи техничка грешка, вкупно втора, па мораше да ја напушти играта. Дамјан реализираше за 95-93. Карпентер не успеа да постигне кош за изедначување, па победата ја однесе МЗТ Скопје.

ПретходноТорино го совлада Лацио на „Олимпико“ (видео)
СледноДортмунд го растури Франкфурт и сега е лидер во Бундеслигата! (ВИДЕО)