Шеста победа во серија и тоа остварена кај квалитетниот состав на Брегалница. Шкендија сега има 18 бода од исто толку можни на последните шест средби. Совладана е Брегалница попладнево во дербито на 28.коло со 0:1, и сега Шкендија има само -3 бода во однос на лидерот Струга ТЛ.
Да не заборавиме дека Шкендија до крајот на сезоната ги чека стружани дома.
Ќатип Османи, стратегот на Шкендија задоволен и тоа како беше по денешниот триумф во Штип, а за “Спортмедиа“ изјави:
„Секако дека сум задоволен. Не е мала работа да се победи силната Брегалница на нејзин терен. Мислам дека во првиот дел одигравме и подобро отколку во второто, но сега веќе не е важно. Нели, целта ги оправдува средствата. Освоивме големи, златни три бода, и сега веќе нема дилеми. Можам слободно да кажм дека Шкендија ќе ја „брка“ титулата, одиме по титулата, мислам дека сега многу работи зависат од нас“ ни изјави стратегот на тетовци.