Панчев: Документарниот филм е круна на се што сум направил во фудбалот

799

Со официјална премиера на 24 април во Скопје светлината на денот ќе го види документарниот филм посветен на Дарко Панчев, со работен наслов „Патот на Кобрата до звездите“. По тој повод најдобриот македонски фудбалер на 20 век. во најавата за самиот документарец рече дека ова е круна на се што тој сработел во светот на фудбалот.

„Убаво е кога ќе се остави нешто за младите генерации. Филмот не сум го гледал, ќе го погледнам прв пат и јас на премиерата. Пред околу две години ми беше пренесена идејата дека се има желба да се сними филм за мене и ми се допадна. Има доста материјал кој беше поминат, и многу нешта се кажани во филмот“ – изјави Панчев.

ПретходноОсасуна подобра од Бетис
СледноПолувреме: Нема голови во Штип, Дориев ја погоди пречката, а Чинари стативата