По среброто, Парулеска освои златен медал на ЕП во Италија

158

По освоениот сребрен медал во форми (кати), Христијана Парулеска денеска, триумфираше во финалето во спаринг борби до 50 килограми и освои златен медал на Европското првенство што се одржува во Јесоло, Италија. Со тоа за првпат една македонска таеквондистка да се искачи на највисокото место на пиедесталот на ЕП.

Златото ни е заслужено и според мене не е изненадување, чест и гордост е да ја слушаат и поздрават сите нашата химна. Знаејќи ги можностите на нашите репрезентативци. Очекувам и во преостанатите денови од ова Европско првенство да прикажеме одлични борби и да се закитиме со уште медали. Сакам да го искажам моето задоволство, како претседател на Македонската федерација во традиционално теквондо (МТТФ) при ИТФ, овие освоени медали ќе бидат мотив за многу деца и младинци да се запознаат со овој боречки спорт“, изјави селекторот на македонската репрезентација Марјанчо Лазарески

ПретходноЕуро Никел сигурен против „Академците“ за потврда на „шестката“
СледноМарез со хет-трик го однесе Сити во финалето на ФА Купот