Последната прволигашка рунда носи дерби во Аеродром и битки за подобра позиција!

149

Денеска и утре ќе се одигра последното коло од регуларниот дел од сезоната. Патниците за плеј-оф и плеј-аут конкуренцијата се познати, останува да се дефинира целосниот изглед на стартните позиции.

Иако МЗТ Скопје и Пелистер се сигурни на своите позиции, број еден и два, сепак овој меч е во центарот на вниманието поради тежината на нивната пресметка. Актуелниот македонски првак по завршување на обврските со АБА-лига во која не успеа да опстане целосно се врти кон битката за титулата, која ја брани. На другата страна битолчани сакаат да го земат скалпот на скопскиот состав, тоа ќе биде дополнителен мотив во обидот да дојдат до тронот.

Третата позиција на табелата во моментов ја делат ТФТ и Гостивар, двете со ефект (14-7). Во предност е скопскиот тим, кој со победа над Куманово ќе остане на позицијата број три без разлика на крајниот исход меѓу Гостивар и Феникс 2010.

Мечот во „Младост“ е исто така важен и за гостите од Скопје. По 21. одиграно коло, Феникс 2010 има учинок од 11.победи и 10.порази. Идентичен како и Еуро Никел 2005 кој во ова коло е гостин на Навико Академија ФМП во салата „Независна Македонија“.

Доколку кавадарчани го добијат овој меч во Кисела Вода, остануваат на позицијата број шест, а Феникс 2010 (поради полош меѓусебен скор) ќе тргне во плеј-офот од седмото место. Осмото е резервирано за екипата на Кожув (скор 9-12).

Во долниот дел од табелата Струмица го дочекува Чаир 2030, во, се чини, последниот обид да го фати оној „приклучок“ во трката за двете места кои носат играње во елитата и во следната натпреварувачка сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 22.КОЛО

22.АПРИЛ (САБОТА):

16.00: ТФТ Mozzart – Куманово 2009

17.00: Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005

18.30: Работнички – Кожув

18.30: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ 3)

19.00: Гостивар – Феникс 2010

23. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

17.00: Струмица 2022 – Чаир 2030

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром (19-2), Пелистер (17-4), ТФТ Моzzart (14-7), Гостивар (14-7), Работнички (13-8), Феникс 2010 (11-10), Еуро Никел 2005 (11-10), Кожув (9-12), Чаир 2030 (6-15), Навико Академија ФМП (5-16), Куманово 2009 (5-16), Струмица 2022 (2-19);

ПретходноПосле осум години по напушта „Енфилд“: Фирмино и Барса постигнале договор!
СледноГоран Здравков – Брегалница: Против Шкендија со победнички мисли!