Зинедин Зидан долго време е слободен, но не недостига интерес за него. Сепак тој не сака да избрзува со бројните понуди, кои едноставно знае како да им одолее.
50-годишниот Зидан во својата тренерска кариера има само две работни места, двата пати во Реал Мадрид. „Марка“ неодамна објави дека Ал-Наср е заинтересиран да го доведе овој тренер и би му понудил астрономска бројка доколку тој пристигне наместо Руди Гарсија.
Наводно Арапите би му понудиле на Зидан дури 60 милиони евра по сезона со договор на две сезони, што значи дека тој би инкасирал вкупно 120 милиони евра.
Раководството на клубот сака повторно да ги спои Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан, кои соработуваа во Реал Мадрид, но се уште не добиле никаков одговор од Зизу.
ПСЖ веќе подолго време покажува интерес за него, но како што пренесуваат француските медиуми, Зидан има сосема поинакви желби и приоритет му е Италија.
Да бидеме целосно прецизни, RMC Sport пишува дека желбата на Зинедин Зидан е да го преземе Јувентус, кој моментално го раководи Масимилијано Алегри.
„Приоритет му е Јувентус. Францускиот тренер кој до сега уживаше во семејството и позицијата на млад дедо, не го загуби тренерскиот вкус.
Неговата јасна желба е да најде тим во претсезоната. Екипите кои би можеле да го привлечат неговото внимание се бројат на прсти од едната рака, од различни причини. Конкретно, тој е заинтересиран за една и претставува институција која многу добро ја познава: Јувентус“, пишува споменатиот медиум.