Рамон Мартинез: Нејмар беше договорен во Реал Мадрид, но не дојде поради куќа од 60.000 долари

5759

Често во денешно време слушаме приказни за дел од сега веќе севтските фудбалски звезди и нивните патешествија до врвот.

Голем дел од нив немале лесен пат до врвот, пред се затоа што доаѓаат од сиромашни земји. На пример и еден Нејмар можел лесно да фати сосема друг пат, ако на 13. годишна возраст останел во Реал Мадрид каде што бил на проба десетина дена. Ова го потврдува тогашниот директор на „Кралскиот клуб“, Рамон Мартинез кој изнезе интересни факти околу сегашната мега звезда на ПСЖ.

„Кога имаше 13 години Нејмар беше дел од нашиот клуб. Беше десетина дена тука, и изгледаше како да не е од овој свет. Нормално ние веднаш се ангажиравме околу неговото останување. Договоривме се со неговиот татко, кој што во тој момент одлучуваше за се, за семејството да дојде тука. Но, имаше еден проблем. Неговите баба и дедо требаше да останат во Бразил. За нив побараа да им се купи куќа која што Реал Мадрид требаше да го чини 60.000 долари. Клубот на тоа за жал не се согласи“ – изјави Мартинез.

Како што е добро познато Нејмар настапуваше за Сантос од 2009 до 2013 за да потоа пристигне во вечниот ривал на Реал Мадрид, тимот на Барселона. На Ноу Камп се задржа до 2017, за да потоа замине во ПСЖ.

 

ПретходноГабриел Жезус: Кој вели дека сме ја загубиле титулата, Сити се уште е зад нас!
СледноЃоковиќ нема да игра во Мадрид