Со подобро одиграна последна четвртина која ја доби со 16:24, тимот на ЦСКА Москва на чело со нашиот стратег Емил Рајковиќ обезбеди победа на гостувањето кај Локомотив Кубан со конечни 73:79. На тој начин изедначи во серијата мечеви од плеј офот на 2:2.
Сега, дефинитивно во оваа серија ќе се играат уште минимум два меча за еден од двата тима да стигне до финалето.
Следниот меч е на програмата на 25. април. Утре Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан ќе се обидат да дојдат до 3-1 во втората полуфинална серија.