Денеска еден од трите најстари фудбалски клубови во светот, англиски Рексам може да се пресели во англиската Лига 2, што е четвртонатпреварување по ранг во англискиот фудбалски систем. Рексал е во сопственост на холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени и оваа година е прв во Националната лига на Англија (петта лига).
Доколку Рексам вечерва слави со Борехам Вуд на домашен терен ќе ја потврди промоцијата во Лига 2 за првпат од сезоната 2008/2009, и на тој начин клубот ќе се врати во системот на професионалните лиги во Англија.
Рексам е клуб од Североисточен Велс формиран од членови на крикет тимот на градот во 1864 година. Ова го прави Рексам трет најстар професионален фудбалски клуб во светот и најстар во Велс. Во 1958 година, Рексам станал дел од системот на англиската лига и останал дел од него додека не испадна во Националната лига во сезоната 2008/2009.
„Црвените змејови“, како што го нарекуваат клубот, оттогаш не успеваат да прогресираат во некоја од погорните лиги. Рексам го освоил Купот на Велс 23 пати, најмногу од сите други тимови, а своевремено има пласман во четвртфиналето на Купот на победниците на Куповите на УЕФА во сезоната 1975/76.