На шест кола до крајот Ц. Звезда и официјално ја потврди својата нова титула во првенството на Србија. Победата на ТСЦ Бачка Топола од 4:1 попладнево на “Маракана“ значеше и нова титула, шеста во серија и вкупно 34 во историјата на овој клуб, некогашен европски и светски првак.
Ова значи дека „црвено – белата“ доминација и натаму трае во фудбалска Србија.
Ова титула значи и тоа дека следната сезона во Лигата на Шампионите, Црвена Звезда ќе има директен пласман во групната фаза, и тоа како првак на Србија.