Екипата на Вардар Неготино ја запиша петата победа во плеј-аут лигата, откако пред своите навивачи го совлада Прилеп со 30-28. Домашниот тим до триумфот дојде во последните минути, со серија од 3-1 успеа да се избори за целиот плен.
Мечот беше доста интересен со бројни промени на водството. Гостите на одморот имаа предност од два гола (12-14), на стартот на вториот дел беше 12-15, но домашните ракометари не се откажуваа, од средината на овој период се вратија во мечот, а благодарение на добриот финиш на крајот славеа.
Адамовиќ постигна девет гола, еден помалку имаше Петров, додека пак Кузманов постигна пет погодоци. На другата страна Мирчески имаше осум гола.