Марез со хет-трик го однесе Сити во финалето на ФА Купот

138

Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез го одигра својот најдобар меч во кариерата затоа што постигна три гола во победата на Манчестер Сити над Шефилд Јунајтед од 3:0 во полуфиналето на ФА купот.

Марез го отвори резулатот во 43 минута со гол од пенал, а потоа стрелаше од игра во 61. и 66 минута за пласман на Сити во финалето на најстарото куп натпреварување во Англија.
Марез го постигна првиот хет-трик во полуфинален меч на „Вембли“, а и прв воопшто во полуфинале на ова натпреварување по Алекс Доусон во 1958 година (Ман.Јунајтед против Фулам).

Сити последен пат играше во финале на ФА купот во сезоната 2018/19 и тогаш го освои трофејот по победата над Ватфорд со 6:0.

Противникот во финалето ќе биде познат утре по одигрување на второто полуфинале помеѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед. Инаку финалето на ФА купот ќе се одигра на 3 јуни на „Вембли“ во Лондон.

ПретходноПо среброто, Парулеска освои златен медал на ЕП во Италија
СледноВардар Неготино ја доби драмата со Прилеп!