Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев освои нова титулата со АЦХ Волеј Љубљана. Практично тимот од главниот град на Словенија е старо-нов шампион, во финалната серија беше подобар од Калчит Волеј со 3-0.
АЦХ Волеј во актуелнава 2022/2023 претходно славеше и во Купот на Словенија, плус тримфираше и во МЕВЗА лигата.
На трибините нашиот најдобар одбојкар имаше поддршка од поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски и уште неколку Македонци, меѓу кои и познатиот поддржувач на националните селекции Кипре.