Роберто Фирмино од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона. „Дејли мејл“ пренесува дека 31-годишниот напаѓач ги договорил сите услови од договорот со каталонскиот клуб и дека ќе стане нов играч на тимот од стадионот „Камп Ноу“.
Фирмино после осум години ќе го напушти „Енфилд“, последниот меч ќе му биде на 20 мај против Астон Вила кога ќе се прости од навивачите на „црвените“.
Бразилскиот фудбалер пристигна во Ливерпул во 2015 година од германски Хофенхајм. Тој беше платен 29 милиони фунти и дефинитивно ќе го паметат фановите на англискиот гигант.
Тој има 360 настапи за тимот од „Енфилд“ во изминатите осум години, постигнувајќи 109 гола. Освои бројни трофеи, вклучувајќи ги Премиер-лигата и Лигата на шампионите.
Оваа сезона Фирмино не беше прв избор на Јирген Клоп. Сепак, Германецот многу сакаше да го задржи, но не успеа и бразилскиот напаѓач е подготвен за нови предизвици.
Одличниот напаѓач на тој начин дополнително ќе ја засили конкуренцијата во нападот на Барселона, а ќе видиме кога ќе дојде потврдата за овој потпис.
Барса наскоро треба да се комплетира трансферот на Лионел Меси, па каталонскиот гигант ќе изгледа многу поинаку во следната сезона.
Треба да се напомене дека Фирмино претходно беше поврзуван со Реал Мадрид, Галатасарај и МЛС, сепак на крајот тој очигледно ја избра Барселона за нов клуб.